Делумна реставрација и целосна реконструкција на Дуќанџик џамија

Инвеститор: Исламска заедница – Скопје, Одбор за обнова на џамијата

Автори: д-р проф. Ј. Алексиевска, д.и.а., и д-р проф. М. Токарев, д.и.а.

Копроектант: м-р асист. Е. Касапова, д.и.а. и соработник асист. А. Ивановска, д.и.а.

Проектирано 2003 год., изведувано 2004-2006 год. од „Керамикс МС“, Скопје

Муезин оџа или Дуќанџик џамија е изградена во XVI век, а има многу настрадано од земјотресот во 1963 година. Делумно сочуваниот објект долго време бил запуштен, така што почнал да станува „закана“ за минувачите. Поради тоа руинираните делови биле отстранети, а бил сочуван само дел од ѕидот на кој се потпира минарето. За жал, во тек на проектирањето и овој автентичен дел на ѕидот беше отстранет од страна на неодговорниот инвеститор, така што долниот дел на минарето остана разголен. Без обзир на разновидните тешкотии, авторскиот тим успеа це¬лосно да го сочува својот кредибилитет и стручно-научно да ја спроведе вкупната проектантска постапка.

Во рамките на Студијата на постојната состојба извршени се продлабочени истражувања од следниве аспекти:

На таков начин беа оформени и условите за градба, и тоа: објек¬тот треба да се обнови врз својата автентична основа, со првобитните димензии и да ја задржи пр¬вобитната намена за верски објекти. Под тие услови беше дефи¬ни¬ран и Идејниот проект во вид на архитектонско-конзерваторски однос кон објектот, односно кои делови од него треба да бидат конзервирани, кои реставрирани, а кои ре-конструирани.

Во рамките на Главниот проект беа подетално дефинирани методите за обнова на објектот, како и начините за нивно спроведување. Заради асеизмичко зајакнување на реконструираниот објект, употребена е скриена армирано-бетонска конструкција, при што на своето првобитно место се вратени автентично сочуваните фрагменти од ѕидови, профилација, делови од столбови или од венци. Особено вни¬мание е посветено на обновата на порталот, прозорците и внатрешните еле-менти, како и на завршната обработка на вертикалните површини.

За да се постигне енергетска ефикасност на објектот, применети се техники на градење, кои освен што ги задоволуваат историско-уметничките услови, тие се во согласност и со направените пресметки на топлинските квалитети и дифузните карактеристики на одделните структури на објектот. Покрај тоа што е овозможена ефикасна вентилација на внатрешноста, таа по потреба пред одржување на молитва може краткотрајно да се загрее со помош на подно електрично греење.

При реализацијата на детално и јасно дефинираниот проект доаѓаше до повремени недоразбирања со инвеститорот и изведувачот, така што во завршната фаза од обновата на објектот соработката меѓу нив и проектантите се прекина. Поради тоа, одредени елементи од обновениот објект не се совпаѓаат со нивната дефинираност во рамките на проектот.