Студија на постојната состојба и проект за реставрација и реконструкција на Махмуд Ага Џамија

Автори: М. Токарев и М. Митиќ

Консултант: Ј. Алексиевска

Фирма: Национален конзервторски центар, Скопје

Инвеститор: ТИКА, Турција

 

Џамијата, како задужбина на царскиот намесник Махмуд ага е подигната во 1668/69 година. Во текот на своето постоење таа има претрпено опожарувања, уривања и несоодветни обнови, такашто се наложи потребата од продлабочени конзерваторски и археолошки истражувања. Со нивна помош се констатира хронологијата на градењето и девастацијата на објектот, неговиот некогашен архитектонско-конструктивен состав, декоративната и завршната обработка на архитектонските елементи. Сето тоа, потпомогнато од аналошките и хармониско-пропорцијските анализи овозможи со голема доза на сигурност да се напраи цртачка реконструкција (реституција) на првобитниот состав на објектот.

Претходните истражувања послужија како основа за ревалоризација на објектот и определување на комбинираниот архитектонско-конзерваторски однос кон него, преку употреба на методите за: пурификација, конзервација, реставрација и реконструкција.