Идејна урбанистичка студија за решавање на сообраќајните проблеми во центарот на Скопје

Автори: проф. А. Токарев, д.и.а., проф. д-р М. Токарев, д.и.а.,
асист. В. Поповиќ, д.и.а.

Година на проектирање: 1998-99 година

Согледувајќи ги и студирајќи ги сообраќајните проблеми на централното градско подрачје на Скопје, авторскиот тим преку надлежното министерство покрена иницијатива за нивно планско решавање

Како најосновни сообраќајни проблеми тимот ги истакна следниве:

Сите овие, но и други проблеми од урбанистичко-сообраќаен аспект се предизвикани, пред сè од постојната несоодветна улична сообраќајна мрежа во цен-трал¬ното градско подрачје. Таа не ги задоволува ниту денешните (1998) сообраќајни пот¬ре¬би, а уште помалку нивниот иден пораст.

Понатаму, авторите прават критичка анализа на дотогаш изработената план-ска документација од сообраќаен аспект и укажуваат на причините за појавата на „сообраќајниот колапс“ во централното градско подрачје. Од друга страна, применувајќи меѓународно признати методи, тие констатираат дека во предметниот простор треба да се обезбедат минимум 15.000 паркиралишни места.

Врз основа на претходната анализа авторите ги поставуваат целите и зада-чите за решавање на наведените сообраќајни проблеми, истовремено нудејќи и предлог-концепција, содржана во 10 точки. Тие навлегуваат дури и во пресметката на профилите за поважните сообраќајни коридори, за да на крај ги нагласат директните функционално-економски ефекти, како и индиректните позитивни ефекти што би произлегле од материјализацијата на предложената концепција.

Секако дека окосница на предложената концепција претставува подземниот сообраќаен коридор, кој започнувајќи кај Соборниот храм на бул. Партизански одреди и поминувајќи под градскиот плоштад, би излегол кај Градската болница. Про-филот на коридорот тие го дефинираат со две сообраќајни насоки, при што секоја од нив би имала: трамвајска линија, две линии за моторни возила и тротоар. Според апроксимативната пресметка на авторите, реализацијата на овој коридор во 1999 година би чинела околу 40 милиони ДЕМ.

Што се однесува до решавањето на проблемот со стационарниот сообраќај, покрај уличните површински паркиралишта, авторите предлагаа подигање на седум гаражни куќи во предметниот простор, сместени на конкретни можни локации. На та-ков начин, која било точка од централното градско подрачје не би била оддалечена повеке од 250 m до најблиската гаражна куќа

За жал, на поведената иницијатива не бе¬ше навремено реагирано, така што ситуацијата во следните десетина години драс¬тич¬но се промени на полошо, поради што решавањето на изнесените проблеми стана посложено и поскапо.