АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТИ И РЕАЛИЗАЦИИ

Како член на тим (со Л. Кубеш и А. Токарев до 1981):
  • Идеен и главен проект за рекреативен базен во комплексот “Белви” кај Скопје (реализирано),

  • Идеен и главен проект за реконструкција и доградба на хотелот “Инекс” на Попова Шапка (реализирано),

  • Идеен и главен проект за станицата на жичницата на “Попова Шапка” (реализирано).

Со арх. Андреј Токарев (по 1981):
  • Идеен и главен проект за ансамбл хотели “Инекс” во с. Калишта кај Струга (1200 легла),

  • Главен проект за базенот во хотелот “Дрим” во Струга (реализирано).

Реставрација, реконструкција и ревитализација на историски објекти:

Реставрација на Античкиот театар во Охрид

Охридскиот театар е најстар меѓу четирите досега откриени антички театри во Македонија и е единствен од македонско-хеленистичкиот период. Тој е изграден во III век п.н.е. за драмски игри, во II и I-от век п.н.е. е проширен и адаптиран за борба со диви животни (римска епоха), а во рано-христијанското доба е изградена базилика над еден негов дел.

Со реставрацијата се опфатени 12 реда од театронот, дијазомата, периметралниот ѕид, парадосите, ранохристијанска колонада и делумно уредување на пристапните улици.

Целта на ревитализацијата е двојна: создавање ексклузивна архитектонска и историско-семантичка рамка за културни програми, значајни за современиот живот во градот на УНЕСКО, градот на меѓународни летни фестивали, во кој има реален недостаток на објекти за перформанси. Функционализацијата на објектот постепено да создава дополнителен буџет кој ќе се користи за идно археолоШко доистражување на театарот.

Применетата методологија се заснива на “биолошка реставрација”: презентирање на најзначајните културни фази и трансформации на театарот; целосна реставрација на предметниот сегмент од театронот поради високиот процент на афтентична сочуваност (70%); одмерена реставрација на помалку сочуваните делови надвор од театронот; користење на травертин од афтентичниот антички рудник откриен во с.Велмеј (Охридско) за интерполацијата со нови камени седишта во театронот.

Со реставрацијата добиен е нов театарски капацитет за 1600 до 1700 гледачи.

[email protected]    

Prof.d-r M.Tokarev 2011