Како член на тим (со Л. Кубеш и А. Токарев, до 1981)
Детален урбанистички план (ДУП) на туристичката населба Стар Дојран,
ДУП за спортскиот центар на ДТВ “Партизан” во Стар Дојран,
ДУП за туристичката населба Јелса на островот Хвар, Далмација
ДУП за климатското летувалиште Смрдлива Вода на планината Кожув,
Урбанистички проект на туристичко-рекреативниот центар “Белви” кај Скопје,
Урбанистички проект за крајбрежниот појас во Стар Дојран.
Како член на тим (од четири архитекти)
- Урбанистички проект за IX станбена заедница во Струмица (за 8.000 жители), 1978/79,
Урбанистички проект за станбениот комплекс “Стар Расадник” во Делчево,
- Идејна урбанистичка студија за решавање на сообраќајните проблеми во центарот на Скопје (1999).
Партерно решение на рекреативниот центар „Вардарски рид” кај Гевгелија (со А. Токарев).
Секторска студија на градителското наследство за потребите на ГУП на Гостивар (1985).
- Секторска Студија на градителското наследство на Старата скопска чаршија со програмски намени за ревитализација (1998, со Ј. Алексиевска и Н. Ничота), за потребите на ДУП,
Во својата долгогодишна професионална кариера, М. Токарев се јавува како автор, коавтор или член на тим на голем број планови и проекти. Наједноставно е тие да се претстават групирани во три тематски целини, и тоа: архитектонски проекти и реализации (според категоријата на градбата), урбанистички планови и проекти, како и ревизии (рецензии) на позначајни проекти и реализации изработени од други автори.
Урбанистички проект за IX станбена заедница во Струмица
Нарачател: Општина Струмица
Автори: проф. А. Токарев, д.и.а., асист. М. Токарев, д.и.а., асист. В. Коробар, д.и.а., асист. В. Поповиќ, д.и.а.
Проектирано: 1978-79 година
IX станбена заедница беше планирано да се изгради врз ридест терен во јужната периферија на Струмица. Теренот има амфитеатрална форма чија симетрала е наклонета кон исток и под прав агол се вкрстува со стариот пат во правец Струмица – Валандово.
За да се дефинира проектната програма, најнапред беше направена Студија на постојната состојба од различни аспекти: геолошко-почвени профили на теренот, инсолација на наклоните, движење на воздухот, сообраќајни можности и др. На таков начин се дојде до конкретно сознание за секој дел од теренот, дали и колку е поволен за изградба и каков вид објекти би можел да прими.
Деловите кои се покажаа како неповолни за градење се предвидени за зелени појаси и терени за спорт и рекреација. Останатите делови на амфитеатарот беа наменети за изградба на индивидуални атриумски станбени групации поставени терасесто една над друга, при што кровот на подолниот објект би можел да се користи за градина на погорниот објект. При деталното програмирање се дојде до заклучок дека во тие станбени структури би можеле да се сместат 8.000 жители.
Во средината на амфитеатарот има еден релативно рамен терен врз кој беше планирано да се изградат т.н. централни функции на населбата: културно-забавни, трговско-деловни, образовни и др. За сите нив беше определен комплетен волумен согласно капацитетот на населбата.
Со евентуалната изградба на таа населба можеше да се добијат повеќе предности:
потребите од нови локации за куќи во Струмица би биле задоволени за следните четири децении,
со изградбата би бил опфатен пасивен и релативно неплоден ридски терен,
условите за живеење би биле со висок квалитет на инсолација, аерација и одводнување,
од населбата до центарот на градот со возило би биле потребни само 5-10 минути.
Наведените предности од страна на општинското раководство беа високо оце-нети, но зад идејата не застана локалното друштво на архитекти. Од нивна страна, како единствен валиден аргумент беше изнесено тоа што дел од планираниот терен има карактеристики на свлечиште. Меѓутоа, за таа цел од страна на ИЗИИС веќе беше направена студија за стабилизација на теренот, а интервенциите би биле релативно евтини, бидејќи потенцијалното свлечиште е со тенок слој, а врз него не беше планирана изградба на објекти. Сепак, се чини дека евентуалната изградба на таков вид структурално домување предизвика тивок отпор кај локалните жители, пред сè поради нивната вкоренета навика да имаат независна индивидуална куќа сместена во свој ограден двор.
Поради наведените недоразбирања не дојде до реализација на овој уникатен урбанистички проект за овие балкански простори, така што во следниот период предметниот терен беше зафатен со дивоградби. Од друга страна, проширувањето на градот се направи во рамничарскиот дел, со што беше зафатена најквалитетна обработлива површина и со високо ниво на подземни води.