РЕВИЗИИ НА ПРОЕКТИ И РЕАЛИЗАЦИИ

 

  • Ревизија на проектот за реставрација и адаптација во музеј на Беговиот конак во Кратово (изработен од РЗЗСК (НКЦ) Скопје, член на тим),

  • Ревизија на проектот за реставрација на Камениот мост во Скопје (изработен од Заводот за заштита на спомениците на културата од Скопје, член на тим, 1999-2004) со надзор врз изведбата,

  • Ревизија на проектот за реставрација и ревитализација на Чифте амам во Скопје (изработен од Заводот за заштита на спомениците на културата од Скопје, член на тим, 2001-02) со надзор врз изведбата,

  • Ревизија на проектот за реставрација на црквата “Св. Богородица” во Матка кај Скопје (изработен од самостоен проектант),

  • Ревизија на идејниот проект за реконструкција, адаптација и надградба на објектот на Собранието на Р. Македонија (изработен од “Македонија-проект”, член на тим, 2008),

  • Консултант во изработката на проектите за конзервација и реконструкција на изгорените конаци во манастирот „Св. Јован Бигорски“ (изработен од тим на НКЦ), 2009/10.

  • Консултант во изготвувањето на заштитно-конзерваторските основи за третман на градителското наследство во рамките на Генералниот урбанистички план за град Скопје (изработен од НУ Конзерваторски центар - Скопје), 2012

Покрај наведените ревизии (рецензии), проф. д-р М. Токарев се јавува и како автор на поголем број стручно-научни анализи за состојбите во Македонската архитектура (објавени во периодични списанија и дневен печат), или пак на трудови изнесени на трибините во рамките на БИМАС.

contact@mihailtokarev.mk    

Prof.d-r M.Tokarev 2011