ПРОФЕСИОНАЛНО CV

 

БИОГРАФИЈА

foto portret

Токарев има завршено отсек за архитектура во 1968 година при Архитектонскоградежниот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. По дипломирањето тој се вработува во “Градба-проект”, од Скопје, каде работи на низа архитектонски проекти и урбанистички планови (како член на тим со Л. Кубеш и А. Токарев).

Во 1969/70 год. М. Токарев работи во “КГК Инженеринг” во својство на самостоен проектант, при што има изработено неколку архитектонски проекти.

Oд 1971 год., па сè до 2009 год. М.Токарев е вработен на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде ги поминува сите скалила на своето усовршување, пред сè во областа на историјата на архитектурата и заштитата со ревитализација на градителското наследство. Тој е избиран и реизбиран во сите наставно-научни звања: од асистент (1971), па сè до редовен професор (1999 год.).

Во неговата предметна област, М. Токарев ги има стекнато сите научни звања со магистрирање (1980), хабилитирање (1981) и докторирање (1986). Тој се јавува и како автор на 8 книги од областа на историјата на архитектурата и од областа на гра-дителското наследство.

М. Токарев е долгогодишен соработник на стручното списание "Порта 3", на чии страници има напишано преку 180 прилози од областа на историјата и теоријата на модерната архитектура и архитектонската критика.

Тој се јавува и како учесник на дваесетина Меѓународни симпозиуми, во чии Зборници се објавени неговите реферати, пред сè од областа на заштитата и ревитализацијата на градителското наследство.

Паралелно со наведените наставно-научни постигнувања, М. Токарев работи и во областа на архитектонското проектирање, на урбанистичкото планирање, како и во изработката на ревизии (рецензии) на проекти, а особено од областа на градителското наследство. Притоа, како самостоен проектант, или како член на тим, тој има изработено:

  • над 30 архитектонски проекти, од кои мнозинството се реализирани,

  • поголем број ревизии (рецензии) на проекти и реализации, пред сè од областа на градителското наследство, и

  • неколку урбанистички планови и проекти.

М. Токарев во континуитет зема активно учество и во работата на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, каде настапува во својство на: водач на стручно-научни трибини, со реферати, со проекти, а и како претседател на Комисијата за доделување на Борбина плакета за архитектурата(1989).

Во рамките на МНК ИКОМОС, тој најпрво е активен член на Извршниот одбор, а потоа претседател на Собранието (2002-2004).

Заради потребата од посеопфатна заштита на културно – историското наследство, М. Токарев активноста ја проширува и во областа на животната средина, при што станува основач и прв претседател на Движењето на екологистите на Македонија – ДЕМ (1990). Како активист на ДЕМ, тој раководи со организирање на голем број на трибини,стручно-научни семинари и симпозиуми од од областа на заштитата и унапредување на животната средина. Во тоа својство, тој се јавува и како уредник на стручно-научните зборници од симпозиумите за заштита на Дојранското, Охридското и Преспанското езеро.

НАГРАДИ :

За својата долгогодишна успешна стручно-научна и комплементарна активност, проф. д-р М. Токарев има добиено бројни признанија и награди, од кои може да се издвојат следниве:

ФОТО ГАЛЕРИЈА

М. Токарев, како студент на архитектонско снимање на стара крушевска куќа (1967)

М. Токарев, како асистент на Архитектонски факултет (1972)

М. Токарев, како претседател на Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) доделува „Зелено јаболко“ на весникот „Вечер“ (1992)

М. Токарев со мајсторот на модерната Оскар Нимаер во неговото атеље, Рио де Жанеиро, 1992

М. Токарев, како доаен на ДЕМ држи поздравен говор по повод 5-ти јуни – Светскиот ден на екологијата (1995)

М. Токарев со раководството на 5-годишнината на ДЕМ

М. Токарев на собир на еколошките НВО-и во Копенхаген (2001) за подготовка на на настапот на Самитот во Јоханесбург (2002)

М. Токарев на конференција за јавните гласила. Презентација на проблемите од нејонизирачко зрачење од базните станици на мобилната телефонија (2005)

contact@mihailtokarev.mk    

Prof.d-r M.Tokarev 2011